Можете ли да верувате дека Софија Вергара е во шестата деценија?Колумбиската убавица Софија Вергара,која е моментално е во центарот на вниманието во Холивуд поради разводот, влезе во шестата деценија.
Реално, заносната актерка изгледа, без претерување, барем двојно помладо. Покрај сето тоа, таа е на врвот на сите листи за најубави жени на светот.
Но, која е нејзината тајна за нејзиниот младешки изглед?
За да биде појасно, неопходен е некаков облик на обука, но има и неколку други важни работи.
Освен вежбањето, што се подразбира, Софија има и диететски насоки благодарение на кои успева да ја одржи виткоста, а нејзината тајна не е ригорозната диета.
Згора на тоа, актерката успеала да постигне рамнотежа, па јаде и храна која вообичаено не треба, а во се и помагаат три клучни трикови.
За почеток, таа е умерена во сè. Со други зборови – без претерување!
- Сè во умерени количини. Без премногу храна, без премногу вежбање, ништо не треба да биде премногу. Сè во умерени количини – рече еднаш Софија.
Покрај сето тоа, таа става посебен акцент на калориите. Таа не консумира многу јаглехидрати и дава се од себе за да се погрижи она што го внесува во нејзиното тело да биде корисно и да има хранливи материи.
А во една прилика откри што се крие во нејзиниот прв дневен оброк. Таму се менуваат и се комбинираат јогуртот, муслите, чиа семето, овесната каша и боровинките.
Рибата и салатата често се на менито за ручек, додека суши, кафеав ориз, зеленчук на пареа и месо со малку или без маснотии често се на трпезата за вечера.
А со сето тоа си дозволува и слатки. Сепак, запомнете го првото правило – умереност.
- За мене најголемото искушение, она без кое не можам да живеам е дефинитивно торта. Секогаш морам да имам торта во куќата – признала убавата актерка.
