Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Како Кајли Миног го одржува младоликиот изглед и витката линија?

Кајли Миног, една од најпопуларните пејачки во светот,позната по безброј хитови,жена која зад себе има многу турбулентен живот, обележан со невозвратена љубов и битка со ракот.

Кајли Миног (54) воодушеви над 20.000 луѓе со својата енергија и погледи на отворањето на настанот „WorldPride“ во Сиднеј, каде со обожавателите ги прослави сите видови на љубов Таа приреди феноменален настап во футуристички комбинезон, а атмосферата беше вжештена.

Како ја одржува витката линија,и младоликиот изглед?

Кајли ги следи правилата на диетата Палео, која вклучува внесување на овошје, зеленчук и протеини во големи количини. Ваквиот начин на исхрана овозможува и консумација на месо, риба и јајца, додека шеќерот и млечните производи се забранети.

Појадок

За појадок јаде 2 парчиња тост со лесен намаз или авокадо. Кафето е задолжително.

  • Колку и да се грижам за моето здравје, не можам да се откажам од кафето, но се трудам да не претерувам – вели пејачката.

Ручек

Белото месо или рибата се нејзиниот најчест избор, сите со многу зеленчук.

  • Главниот трик е да јадете многу зеленчук, а потоа можете да јадете значително помала количина на друга храна – открива Кајли.

Вечера

На нејзиното вечерно мени често се наоѓаат изматени јајца со зеленчук или туна со авокадо. Многу често пие чаша вино за време на вечерата.

Таа не е љубител на тренинзите, а повремено оди и на пилатес. Таа истакнува дека нејзиниот добар изглед главно се должи на генетиката. Покрај тоа, таа редовно користи креми за лице препорачани од нејзиниот дерматолог, а многу често оди и на нехируршки третмани.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement