Кајли Миног, една од најпопуларните пејачки во светот,позната по безброј хитови,жена која зад себе има многу турбулентен живот, обележан со невозвратена љубов и битка со ракот.
Кајли Миног (54) воодушеви над 20.000 луѓе со својата енергија и погледи на отворањето на настанот „WorldPride“ во Сиднеј, каде со обожавателите ги прослави сите видови на љубов Таа приреди феноменален настап во футуристички комбинезон, а атмосферата беше вжештена.
Како ја одржува витката линија,и младоликиот изглед?
Кајли ги следи правилата на диетата Палео, која вклучува внесување на овошје, зеленчук и протеини во големи количини. Ваквиот начин на исхрана овозможува и консумација на месо, риба и јајца, додека шеќерот и млечните производи се забранети.
Појадок
За појадок јаде 2 парчиња тост со лесен намаз или авокадо. Кафето е задолжително.
- Колку и да се грижам за моето здравје, не можам да се откажам од кафето, но се трудам да не претерувам – вели пејачката.
Ручек
Белото месо или рибата се нејзиниот најчест избор, сите со многу зеленчук.
- Главниот трик е да јадете многу зеленчук, а потоа можете да јадете значително помала количина на друга храна – открива Кајли.
Вечера
На нејзиното вечерно мени често се наоѓаат изматени јајца со зеленчук или туна со авокадо. Многу често пие чаша вино за време на вечерата.
Таа не е љубител на тренинзите, а повремено оди и на пилатес. Таа истакнува дека нејзиниот добар изглед главно се должи на генетиката. Покрај тоа, таа редовно користи креми за лице препорачани од нејзиниот дерматолог, а многу често оди и на нехируршки третмани.
