Најдобриот тенисер на светот е познат по својата врвна форма и строгиот режим на тренинзи, секојдневната рутина и медитацијата, кои заедно со исхраната му помагаат да остане на самиот тениски врв.
Познато е дека Новак го исфрлил месото, рибата и животинските производи од својата исхрана и не јаде млечни производи.
Тој се обидува да јаде избалансирани производи кои му даваат сила.
Kurir sport. открива како изгледа неговото тридневно мени.
Прв ден:
Појадок: Пие големи количини вода, а потоа зема 2 лажици мед; мусли (органски овес без глутен, брусница, суво грозје, семки од тиква или сончоглед и бадеми).
Ужина: крекер без глутен со авокадо и туна
Ручек: Салата од мешан зелен зеленчук, тестенини без глутен, тиквички, аспарагус, суви домати, веганско сирење.
Закуска: јаболко со путер; диња
Вечера: Салата од кељ, анасон, киноа и,аншоа или сардини,супа,филети од лосос.
Втор ден:
Појадок: Големи количини вода, 2 лажици мед,банана со индиски путер.
Ужина: тост без глутен со путер од бадем и мед.
Ручек: Салата од мешан лиснат зеленчук, зачинета салата од тестенини (вклучувајќи тестенини без глутен, црвен пипер, рукола, листови од индиски ореви и босилек, балсамико оцет).
Ужина: Интегралнип плочки со овошје и јаткасти плодови;
Вечера: Салата од туна (боранија, грав канелини, рукола, туна, црвен пипер, домати и конзервиран наут), супа од домати, печени домати.
Трет ден:
Појадок: Големи количини вода, 2 лажици мед, овес без глутен со индиски путер и банана.
Ужина: домашен хумус и јаболка
Ручек: Салата од зелен зеленчук, тестенини без глутен со песто.
Ужина: Авокадо со крекери без глутен.
Вечера: Свежа салата од зелен лиснат зеленчук, супа од морков
