Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Како да изгледате како Викторија Бекам? Подгответе се за гладување – ова е нејзината диета и вежби кои секојдневно ги применува…

Покрај тоа што строго се грижи за тоа што јаде и редовно вежба, Викторија има и производи за нега на кожата кои прават да изгледа младо и негувано.

Модниот магнат Викторија Бекам (49) на секои 6 месеци се подложува на болна, но неинвазивна козметичка процедура, благодарение на која изгледа најмалку 20 години помладо.

Тоа вклучува боцкање на 24 игли во нејзиното лице, но „Викторија се колне дека ништо не ѝ пречи само за да ја одржува својата кожа млада“.

Ова е рутината за убавина на оваа згодна жена, а сега ќе ви откриеме со која рутина, вежби и диета таа успева да одржи витка линија и затегната кожа на телото.

Викторија – позната по својата витка линија – се најде на насловните страници во неколку наврати поради нејзината исхрана, вклучително и минатата година кога нејзиниот сопруг Дејвид призна дека „јаде само риба и зеленчук на скара“, додека пријателот Рио Фердинанд тврдеше дека „никогаш не ја видел да јаде“.

Покрај диетата, таа во 2011 година откри дека денот го започнува со прскање на лицето со ледена вода пред да започне со нега на кожата, додека на обожавателите им потврди дека од кардио тренинг преминала на тренинг за сила.

ВЕЖБИ

Викторија споделува делови од нејзиниот режим на вежбање на Инстаграм и ги запрепасти обожавателите минатата година кога сподели снимка од себе како прави чучњеви со олимписка шипка.

На почетокот на оваа година, таа исто така беше видена како прави трицепс користејќи не толку лесни тегови. Сепак, таа еднаш призна:

  • Секогаш помалку се плашев од теговите, но излезе дека ги сакам. Имам дури и од оние специјални ракавици.Добро е да се сменат работите, сега имам многу повеќе мускулен тонус.

Таа исто така изјавила дека нашла рамнотежа помеѓу желбата да се забавува и дисциплинираната за здрава исхрана и вежбање.

ИСХРАНА

Минатата година, Викторија понуди увид во нејзината „екстремна“ исхрана, откако Дејвид откри дека јаде само риба на скара и зеленчук на пареа.

За време на европскиот турнир во 2004 година, се веруваше дека јаде само јагоди и вода.Викторија откри дека била на диета со бобинки и сашими.Сопственикот на фудбалскиот клуб открил дека Викторија го јадела истото цели 25 години
Викторија тогаш рекла дека сака интегрален тост со сол. Таа откри и дека денот го започнува со две лажици јаболков оцет.

Дизајнерката збеснала на изјавата на фудбалерот дека јаде само риба и живина, па објаснила дека и е важно да внесува „здрави масти“ во телото и дека редовно поминува низ детоксикација, при што се воздржува од алкохол.

Коментарите на Викторија доаѓаат и откако ТВ-готвачот ги откри „комплицираните“ барања за вечера на ѕвездата кога таа и Дејвид присуствуваа на свадбата на Серхио Рамос во 2019 година, каде што таа постојано бараше „чаши со нане и кокосова вода“.

Прочитај

Green Tea

Сите луѓе имаат омилена поза во сексот, која им носи барем малку повеќе задоволство од сите останати пози. Причините кои доведуваат до одбирањето омилена...

Green Tea

Одржувањето на стаклото од тушот беспрекорно може да биде фрустрирачко бидејќи е постојано изложено на разни производи за капење, но постои природен начин да...

____celebrity

Актерката Ања Тејлор-Џој уште еднаш докажа дека е вистинска модна икона, појавувајќи се во снежнобел проѕирен фустан кој ги воздивна сите. На 16-тото годишно...

Green Tea

Медот е одлична природна состојка која може да се користи за да се направат ефикасни домашни козметички производи. Овие козметички производи од мед можете...

Advertisement