Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Италијанска капрезе торта, врвен десерт без ронка брашно

Торта што потсетува на вкусен колач. За изгледот нема да судиме и говориме, но кога ќе ја пробате, ќе останете без текст. Како што би рекле поранешните домаќинки, сè е до вистинскиот материјал – јајца, чоколадо, бадеми и путер.

Состојки:

5 јајца
200 гр шеќер
200 гр путер
200 гр темно чоколадо
250 гр крупно мелени бадеми
1 ванилин шеќер
малку сол

Подготовка:

Одделете ги жолчките од белките. На пареа растопете ги путерот и чоколадото и оставете ги да се изладат повремено мешајќи да не се формира кора. Изматете ги жолчките со шеќерот и ванилиниот шеќер. Додадете растопен путер и бадеми со постојано мешање. Додадете растопено чоколадо. Белките изматете ги со прстофат сол. Лесно измешајте ги овие две смеси. Истурете во тавче за колачи, претходно премачкано со путер. Се пече околу 40 минути во загреана рерна на 180 степени.

По оригиналниот рецепт колачот се посипува со шеќер во прав, а наша препорака е да се покрие со глазура од бело чоколадо и да се посипува со снегулки од бадем.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement