Важно е да се придржувате на правилата за исхрана!
Долг и здрав живот бара правилна диета која вклучува различни оброци богати со растителни влакна, витамини и минерали.
Ние често не обрнуваме внимание на она што го јадеме кога сме презаситени со обврски, па јадеме нешто „во движење“.
Добро здравје, сепак, значи редовни и избалансирани оброци.
За да го олеснат овој процес, нутриционистите смислија формула 5 на ден што ќе ви помогне да бидете поздрави и да живеете подолго.
Формулата доаѓа од Универзитетот за јавно здравје на Универзитетот Харвард, каде што беше спроведена студија која ги следеше навиките во исхраната на околу 100.000 мажи и жени над 30 години, но исто така земале и податоци од други, слични студии кои биле спроведени на вкупно 2 милиони возрасни особи.
„Формула пет на ден значи дека треба да јадете три порции зеленчук и две порции овошје во еден ден. Овие количини на зеленчук и овошје се важни затоа што влијаат на спречување на разни болести, претежно хронични. За општата популација, овој внес е генерално достижен “, објаснува водечкиот автор и нутриционист од Харвард, д-р Донг Д. Ванг.
Луѓето кои имаат одредени здравствени проблеми дефинитивно треба да се консултираат со својот нутриционист пред да ја сменат исхраната. Постојат луѓе кои веќе имаат свој план на исхрана бидејќи страдаат од некоја болест и дефинитивно треба да се држат до тој план.
Оваа студија исто така покажа дека поголеми количини овошје и зеленчук од овие (3 порции зеленчук и 2 порции овошје на ден) нема да влијаат на подобрувањето на здравјето. Ова значи дека во сè, дури и во ова, треба да бидете умерени.
Што се однесува до количината, една порција овошје значи едно јаболко, а една порција зеленчук значи половина пиперка.
Ако планирате да ја внесете оваа формула во вашата исхрана, истражувачите ве советуваат да започнете со оваа храна бидејќи тие имаат најголема хранлива вредност и бројни здравствени придобивки: кељ, брокула, моркови, бобинки, цитрус овошје, а на дното е пченка и компир.



