Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Зошто цинкот е важен за кожата?

Цинкот не е само минерал во трагови што ни е потребен за да функционира правилно нашиот имунолошки систем, туку и кожата. Експертите ни откриваат и зошто…

Цинкот игра клучна улога во борбата против воспалението и во контролирањето на самиот процес. Исто така, поддржува многу функции на кожата, како што се регенерација, синтеза на колаген и заштита од УВ зрачење. Бидејќи телото не произведува цинк, важно е да вклучите храна богата со овој минерал во вашата исхрана, дури може да размислите за суплементација ако не внесувате доволно од него.Верувале или не, но ова е случај со речиси две милијарди луѓе ширум светот.

Како всушност функционира овој минерал?

Цинк оксидот ја штити кожата од оштетување предизвикано од УВ зраците. Затоа овој минерал е познат и по својата улога во кремите за сончање и балсамите за усни.
Цинкот создава физичка бариера, го блокира сонцето и ги одбива неговите зраци, што ги спречува да навлезат во површината на кожата.
Поради неговото антиинфламаторно дејство, без разлика дали се користи локално или орално, се препорачува за луѓе кои се борат со акни и промени поврзани со стареењето на кожата. (Воспалението е основната причина за двете состојби.) Дерматолозите го фалат цинкот за неговата способност да ги ублажи флеките и црвенилото. Придонесува и за смирување на воспалението под површината на кожата, кое предизвикува разградување на колагенот, што резултира со манифестација на фини линии и брчки.

Како можете да го искористите сето тоа?

Во исхраната богата со цинк. Се препорачува да се фокусирате на растителни извори, како што се наут, ореви, житарки и аспарагус.
Како заштитен фактор. Повеќе не мора да се грижите за белите траги на крема за сончање со цинк. Новата технологија овозможува цинкот да избледи толку ситно што станува невидлив на кожата од сите тонови.
За третман на акни. Резултатите од една студија од 2014 година, кои покажуваат дека препаратите со цинк како состојка се ефикасни во лекувањето на благи до умерени акни, и орален цинк сулфат и глуконат (се разбира, во овој случај, задолжително консултирајте се со лекар!) третман на умерени до тешки.
Како серум и крем против стареење. Цинкот е исто така добар за градење колаген, протеин кој помага да се зачува младоста и мазноста на кожата.

Прочитај

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

Green Tea

Кардиологот д-р Франческо Ло Монако предупреди за 4 вида напитоци кои често се рекламираат како подобар избор за вашето здравје, но според него, реалноста...

Green Tea

Витаминот А е суштинска хранлива материја која го поддржува здравјето на кожата, очите и репродуктивното здравје, како и имунолошката функција. Преформираниот витамин А, или...

Life Story

Според Центарот за тестирање на инфекции со кандида во Флорида, овој едноставен тест со вода најдобро е да се направи веднаш по будењето. Пред...

Advertisement