Дали сакате да изгубите тежина? Дали се обидувате да создадете дефицит на калории?
Предлагаме за вечера да го пробате нашиот рецепт за салата од лосос, која е вкусна, здрава, содржи малку јаглени хидрати и што е најважно – ќе ве засити до следното утро.
Сочната салата може да послужи како топла вкусна вечера или да ја ставите во пластичен сад и да ја однесете на работа.
Калории по порција: 542кал
Протеин 33гр
Маснотии 35,5g
Влакна 6g
Јаглехидрати 20гр
Состојки:
25 гр интегрален кафеав ориз
75 гр замрзнат грашок
120г филе лосос
1 лажичка семе од сусам
2 големи грсти млади листови спанаќ
1/2 средно авокадо, излупено и сецкано
1 среден морков грубо рендан
2 млади кромид, ситно сецкани
4 ротквици
За прелив
2 лажици темен сос од соја
1 лажица масло од сусам
1 лажичка свеж сок од лимета
1 лажичка мед
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 ° C и покријте мал плех за печење со фолија.
Наполнете мала шерпа со вода и оставете да зоврие. Додадете го оризот и варете го околу 20 минути, или додека не омекне. Додадете грашок и машате постепено додека се готви. Кога ќе се зготви смесата, исцедете веднаш.
За да го направите преливот, измешајте соја сос, масло од сусам, сок од лимета и мед во мала чинија и изматете добро.
Ставете го лососот, од страната на кожата надолу, во подготвен сад обложен со фолија и истурете две лажички од преливот. Посипете семе од сусам и печете 10 до 12 минути.
Ставете спанаќ, ориз и грашок во друг сад за сервирање. Наредете авокадо, морков, млад кромид и ротквица. Ставете го лососот во сад на крајот и прелијте го со остатокот од преливот.
Можете да ја направите целата количина, дури и ако ви треба само една порција, бидејќи салатата можете да ја чувате во фрижидер за следниот ден.

