Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Зошто кората од банана е добра за пределот под очите

До скоро многу добро знаевме за хранливоста на бананата, но од неодамна се повеќе се популаризира и оној дел кој до сега сме го фрлале: кората.

Имено, меѓу останатите корисни влијанија на кората од банана, како на пример примена при убод од инсект или иритација на кожата, таа може да се користи и за козметички цели.

Го намалува отокот и темните кругови под очите

Бананите се познати како овошје со многу калиум што може да помогне да се хидрира и спречи задржување на течности во кожата, што ги прави одлични за намалување на отоци и ,,вреќи” околу очите. Покрај тоа, бананите, исто така, можат да се пофалат со витамини Ц, Е, Б и А, антиоксиданси кои можат да ги неутрализираат слободните радикали и да ја осветлат кожата.

Како да направите маска

По совет на докторот за семејна медицина Биндије Ганди, доволно е да ја протриете здробената банана на пределот околу очите – ќе ги смири и осветли очните капаци. И можете да се одлучите за трикот Тери Млотек кој вклучува кора од банана:

“Со лажица изгребете ги белите влакна од кората од банана. Измешајте ги влакната со алое вера; ако ја немате дома, користете ја вашата омилена хидратантна крема. Потопете ја добиената маска под очите и оставете да отстои пет до десет минути пред добро да се исплакне со млака вода “- советува Тери Млотек.

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement