Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Зелена бомба: Пијалок за сјајна кожа

Доколку сакате праведно да го разгалите вашето тело, тогаш смутито чиј рецепт ви го пренесуваме подолу е вистинската работа за вас. Зелената бомба полна со хлорофил е одлична за здравјето и ќе ја врати силата на телото.

Хлорофилот е пигмент кој се наоѓа во сите зелени растенија. Луѓето го внесуваат во телото преку зелениот зеленчук и овошјето. Хлорофилот е одличен во борбата против анемијата, му помага на телото да се бори против инфекции, го чисти црниот дроб и дигестивниот систем, ги уништува бактериите и има антисептично дејство.

Жените сигурно ќе ги воодушеви информацијата дека хлорофилот е нивниот силен сојузник во борбата против проширените вени бидејќи ја зајакнува крвта, ја подобрува циркулацијата и на тој начин го ревитализира васкуларниот систем во нозете.

Со редовно консумирање зелен зеленчук, вените ќе ви се смалат, а нозете ќе ви изгледаат поубави.

Рецептот за зелено смути е вистинска бомба со хлорофил која моментално ќе го регенерира вашето тело и ќе му ја врати потребната сила, а може да се консумира во секое време од денот.

Состојки за зелено смути:
1 лимон или лимета
четвртина од ананас
четвртина од свежа краставица
половина шака брокула
1 стебленце целер
1 шака спанаќ
1 шака кељ
1 дл бадемово млеко или обичен јогурт
1 грст мраз

Подготовка:
Излупете ги лимонот и ананасот и ставете ги во блендер или специјален апарат за смути заедно со останатите состојки.
Добро измешајте додека не се соединат сите состојки.
Во чаша ставете мраз и прелијте го смутито.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement