Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Здрави навики поради кои Ким Кардашијан изгледа брутално во нејзината петта деценија -Не конзумира алкохол и вежба секое утро…

Планетарно популарната старлета Ким Кардашијан (42) важи за една од најголемите ѕвезди откако се појави во реалното шоу „Keeping up with the Kardashians“, а нејзин заштитен знак отсекогаш биле фигурата на песочен часовник и големиот задник, но сите забележале дека старлетата изгубила многу килограми и направила големи промени во нејзините здравствени навики.
Ким Кардашијан го прослави својот 42 роденден, а сите коментираат дека изгледа подобро од било кога. Старлетата отсекогаш важела за занесна црнка со посилни облини, но решила да го промени физичкиот изглед и да ја доведе својата линија до совршенство. Тајната е во секојдневните навики кои ги практикува.

Јаде претежно растителна храна
Ким Кардашијан најчесто се храни со растителна исхрана. Познато е дека Ким боледува од кожна болест и тоа е една од главните причини зошто го одбрала овој начин на исхрана, бидејќи помага и ги ублажува симптомите на псоријаза. Има денови кога си дозволува одредени задоволства.

„Оваа диета не влијае само на псоријазата, туку влијае на моето расположение, нивото на стрес, енергијата, сè“, вели Ким.

Не пие алкохол
Таа никогаш не пие алкохол. Не сака да присуствува на бурни забави,така да уште од деновите во помладите години не пиела алхохол со пријателите.

Таа сака утрински вежби и е редовна на тренинзите
Заедно со планот за исхрана кој го следи, таа е посветена и на утринските тренинзи. Се буди секое утро во 5:30 за да вежба.Тренира шест пати неделно по еден час. Има тренер со кој се фокусира на тренинг за сила и кардио. Таа е толку посветена на тренинзите што понекогаш ги откажува деловните состаноци.

Понекогаш Ким претерува и презема строги мерки за слабеење за да има идеални пропорции, што секако е спротивно од здравите навики. Со брза диета ослабела 15 килограми, бидејќи носела костим за сауна, трчала два пати дневно и ги исфрлала сите шеќери и јаглехидрати, а јадела само зеленчук и протеини, што воопшто не се препорачува.

Прочитај

новости и трендови

Нелегални интернет платформи неовластено го користат името и логото на Државна лотарија Ги повикуваме сите играчи на интернет игри на среќа да внимаваат при...

____celebrity

Холивудската ѕвезда Џесика Алба веќе некое време е во центарот на вниманието, откако беше објавено дека се разведува од Кеш Ворен, а потоа набрзо...

____celebrity

Актерите Хју Џекман и Сатон Фостер го имаа своето прво заедничко појавување на црвениот тепих откако почнаа да се забавуваат кон крајот на 2023...

Wall Street

Време е Карпошани повторно да се движат безбедно, здраво и слободно. Карпош заслужува лидер кој не ветува само промени, туку ги гради – од...

Advertisement