Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Здрава кремаста супа од 4 состојки што ќе ја обожавате

Ако сакате вкусна супа богата со хранливи состојки и лесна за подготовка, ова е вистинскиот рецепт за вас. Сè што ќе ви треба се само четири состојки и неколку зачини.

Потребни состојки:

  • два поголеми моркови
  • 300 грама црвена леќа
  • лук
  • 100 мл пасирани домати

Начин на подготовка:

Загрејте маслиново масло, а потоа додајте ги морковите што претходно сте ги изрендале и оставете ги да се готват 5 минути на пониска температура. Додајте го лукот исечен на поголеми парчиња, па оставете да се готви уште една минута. Додајте ја леќата, која претходно ќе ја измиете под ладна вода и потоа наполнете го тенџерето со вода така што водата ќе ги покрие сите состојки.

Гответе 20 минути или додека леќата не омекне и потоа тргнете ја од шпоретот. Ако е потребно, додајте вода за време на готвењето. Ставете ги зготвената леќа, морковите и лукот во блендер и мешајте додека не добиете мазна смеса. Турете ја смесата во подлабок сад, додајте ги пасираните домати и вода по потреба. Од зачините, користете сол, бибер и 1/3 лажичката цимет.

Прочитај

Green Tea

Мачките се дел од многу народни обичаи и верувања со векови. Многумина верувале дека нивното однесување може да ги предвиди идните настани, а еден...

____celebrity

Џеј Ло уште еднаш ги покажа своите беспрекорни модни избори. Откако присуствуваше на „свадбата на годината“ на Тејлор Свифт и Тревис Келс во петокот,...

____celebrity

Канадската поп-ѕвезда Џастин Бибер ќе биде еден од изведувачите на полувремето од финалето на Светското првенство во фудбал, приклучувајќи се кон поставата во која...

Green Tea

Верувале или не, во Јапонија, луѓето се оценуваат и врз основа на нивната крвна група, бидејќи веруваат дека таа го одредува нивниот темперамент и...

Advertisement