Со само неколку состојки и 20 минути време, ќе ги почестите вашите деца со здрава ужина која ќе им се допадне – затоа во продолжение ви пренесуваме рецепт за домашни енергетски шипки кои по вкус ќе ве потсетуваат на Сникерс.

За подготовка на база на јаткасти плодови ќе ви требаат:
1 шолја ореви по желба
1 чаша суви кајсии
1 чаша житарки (или гранола) по желба
1 чаша полна путер од кикирики
1 чаша сируп од агава
1 чаша чоколадни чипови (или 100 гр ситно сечкана чоколада)
прстофат сол
малку цимет
Шолјата што ќе ја користите треба да може да складира 2 децилитри течност, а за јаткастите плодови најдобро е да изберете мешавина од индиски ореви, бадеми, лешници, ореви и кикирики. Со остар нож, прво исечкајте ги оревите и сувите кајсии на ситни парчиња, а потоа измешајте ги со сите останати состојки во длабок сад. Смесата ќе биде компактна и леплива, па се препорачува да користите миксер за да ја измешате.

Слатката и здрава смеса ставете ја во плех обложен со мрсна хартија, израмнете ја и добро притиснете ја со лажица, чаша или сукало. Ставете сè во фрижидер најмалку половина час, а потоа исечете ги готовите плочки во саканите форми. Напорот е минимален, а на децата ќе им се допадне резултатот. Можете да ги завиткате плочките во хартија за печење и да ги зачувате за децата да ги имаат како ужина во парк, градинка или училиште. Задолжително оставете неколку парчиња за себе – за пауза помеѓу состаноците, кога ќе ви падне нивото на енергија.
Подготовката на оваа здрава домашна закуска ќе ви одземе минимално време, а доколку го користите Kenwood kMix времето за чистење по подготовката исто така ќе биде минимално. Можете да ги измешате сите состојки одеднаш во неговиот сад од нерѓосувачки челик, кој потоа можете да го измиете без никакви проблеми.
