Време е да уживате во вашите тестенини без грижа на совест!
Летото е пред самиот агол и повеќето од вас сакаат да обрнат поголемо внимание на својата исхрана. Дали е можно такво нешто? Ние ви одговараме со апсолутна сигурност дека тоа е можно! Значи, време е да откриете рецепти за вкусни тестенини со помалку од 350 калории, и да уживате во вашата омилена храна без никаква грижа на совест.
Лесна карбонара за љубителите на италијанската кујна
Потребно ви е:
1 сецкан лук
1 исечен кромид
150 гр. печурки
4 тенки парчиња мисиркина сланина исецкана на коцки
400 мл. пилешки супа
30 гр. крем сирење
35 гр. сирење
1 лажица рендан пармезан
250 гр. интегрални тестенини
Подготовка:
Истурете малку вода во шерпата. Кога ќе загрее, додадете лук и кромид. Гответе 2 минути. Додадете печурки и сланина и варете уште 3 минути. Додека се печат печурките и сланината, ставете вода во друго тенџере. Кога водата врие, додадете ги вашите тестенини. Додадете ја пилешката супа во тенџерето со сланина и печурки. Веднаш потоа го додавате и крем сирењето. Продолжете да мешате додека не се стопи сирењето. Додадете сирење и пармезан и продолжете да мешате. Доколку е потребно, додадете пиперка и сол, бидејќи сирењето и сланината се солени. Во варените шпагети додадете ја смесата со печурки и добро измешајте.
Калории: 320
Вкусни тестенини со спанаќ во рерна
Потребно ви е:
Интегрални тестенини
1 лажица маслиново масло
1 чешне лук
4 чаши спанаќ
3 чаши сецкани домати
1 лажица оригано
Сол
Сирење со малку маснотии
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Гответе ги тестенините во тава и оставете ги настрана. Во друга тава, загрејте уште една лажица масло, додадете лук, спанаќ и 2 чаши домати. Динстајте додека спанаќот не омекне. Добро измешајте заедно со останатите домати и додадете ги билните зачини. Истурете ја смесата преку спанаќот. Додадете ги тестенините и сирењето. Подмачкајте ја тавата со масло и внимателно ја префрлувате смесата. Печете 15 минути и повторно на крај додавате сирење преку тестенините.
Калории: 340
Лазања со сирење во рерна
Потребно ви е:
2 лажици маслиново масло
1/3 чаша сецкан кромид
2 чаши сецкани тиквички
2 чаши сецкани свежи печурки
1 чаша сирење со малку маснотии – рикота
3 лажици рендан пармезан
6 листови за лазања
пипер
2 чаши сос од домати или чаша сецкани свежи домати
Подготовка:
Загрејте малку маслиново масло во тава и испржете го кромидот, тиквичките и печурките. Во сад измешајте сирење и бибер. Ставете 3 листови со лазања во плех за печење. Ставете мала количина сирење, а потоа малку сос. Покријте со преостанатите тестенини и повторете го процесот. Печете на 200 степени 30 минути. Оставете да се излади и исечете на парчиња.
Калории: 250



