Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

За мазни и меки стапала: Домашен пилинг од 4 состојки за испукани потпетици

Доколку ви пречи напукната кожа на петиците, ви предлагаме домашен пилинг за стапала.

Направен е од 4 состојки што веќе ги имате во куќата, и ќе ви помогне кожата повторно да биде мека и мазна. Грубите и испукани потпетици и стапала може да предизвикаат многу непријатно чувство, а исто така не се ни малку пријатни за окото.

Причините за испукани потпетици можат да бидат различни: предолго стоење, недостаток на хидратација, дебелина, псоријаза, егзема и други кожни болести, непријатни и отворени чевли и многу други.

Состојки:

2 лажици кафеав шеќер

1 лажичка сок од лимон

1 лажица мед

2 лажици маслиново масло

Подготовка:

Измешајте ги овие состојки во една чинија додавајќи ги една по една, додека не добиете густа и леплива маса.

Наполнете ја кадата со млака вода и натопете ги стапалата околу 10 до 15 минути за да ја омекнете кожата. Додека вашите стапала се во када, масирајте го пилингот со кружни движења.

Потоа измијте ги нозете со чиста млака вода.

Кожата на нозете ќе биде мазна и мека.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement