Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

За здраво тело и блескава кожа: 4 пијалоци кои го забавуваат стареењето…

Одредени намирници можат да го забават процесот на стареење, а меѓу нив се и овие 4 од кои може да се направат здрави, природни сокови.

Додека некои пијалоци го забрзуваат стареењето, природните сокови добро делуваат на здравјето на целиот организам, а некои од нив можат дури и да го забават процесот на стареење, бидејќи содржат специфични антиоксиданси, витамини и минерали.

Сок од калинка

Калинката, меѓу другото, содржи молекула што нашиот цревен микробиом ја претвора во нешто што се нарекува уролитин А. Овој хемиски состав ги одржува нашите митохондрии здрави, а познато е дека митохондријалната дисфункција е еден од белезите на стареењето.

Сок од морков

Морковите се храната која најчесто се споменува кога станува збор за забавување на стареењето. Сокот од морков содржи бројни антиоксиданси кои го забавуваат тој процес. Некои од нив се лутеин и бета каротен, а истражувањата покажаа и дека бета каротенот го намалува ризикот од рак на простата.

Сок од репка

Благодарение на високата концентрација на нитрати, сокот од цвекло ги одржува здрави крвните садови и ги подобрува когнитивните функции. Откриено е дека сокот е поздрав од готвената форма на овој зеленчук.

Сок од грејпфрут

Грејпфрутот содржи посебен вид каротеноид наречен ликопен. Во стручното списание „Food Science & Nutrition“ беше наведено дека ликопенот има подмладувачки ефекти на кожата на средовечните луѓе.

Прочитај

____celebrity

Холивудската ѕвезда Џесика Алба веќе некое време е во центарот на вниманието, откако беше објавено дека се разведува од Кеш Ворен, а потоа набрзо...

____celebrity

Актерите Хју Џекман и Сатон Фостер го имаа своето прво заедничко појавување на црвениот тепих откако почнаа да се забавуваат кон крајот на 2023...

Wall Street

Време е Карпошани повторно да се движат безбедно, здраво и слободно. Карпош заслужува лидер кој не ветува само промени, туку ги гради – од...

Wall Street

Хумано решение за безбеден живот Личен став на Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош Граѓаните на Скопје, а особено на Општина Карпош,...

Advertisement