Направете пијалок за детоксикација од куркума и ѓумбир кој ги исфрла токсините, вишокот вода од телото и го забрзува метаболизмот.Штом дојде време за кратки фустани и здолништа, дамите веднаш размислуваат за диети за да ослабат некој килограм. Сепак, лекарите советуваат прво да се грижите за вашето здравје, а потоа за изгледот. Она што е поважно е состојбата на вашето тело, а не бројот на вагата, нели? Затоа, не би било лошо одвреме-навреме да го детоксицирате телото. На овој начин ќе ги исфрлите насобраните токсини и вода и ќе внесете хранливи материи кои ќе му користат на вашето тело.Една од одличните состојки е куркумата. Има силно антиинфламаторно, антибактериско и антивирусно дејство. Го подобрува изгледот на кожата, ја ублажува болката…
Добро оди со ѓумбир, корен богат со антиоксиданси и витамин Ц, кој нормално се препорачува како главен асистент во процесот на слабеење, но и против мачнини. Ако додадете уште неколку моќни билки, добивате моќен напиток кој на организмот ќе му обезбеди витамини, минерали и антиоксиданси, а во исто време ќе ги неутрализира слободните радикали, токсините и вишокот вода.
Еве што е потребно:
Сок од половина лимон
корен од ѓумбир (околу 1,5 см)
1 стебленце целер
парче ананас
1 кафена лажичка куркума
1/2 шолја млеко по избор (може да биде и растително)
Сите состојки ставете ги во блендер и убаво измешајте. Ако е премногу густа додадете малку вода. Ако е кисело, додадете една лажичка мед. Пијте смути наутро, пред појадок.
