Многу луѓе не можат да замислат да го започнат денот без голема шолја кафе и им треба доза на кофеин за да продолжат. Но, тоа не е единствениот начин на кој можете да се разбудите, а освен тоа, премногу кофеин или слатки не се здрави, па време е да размислите за природни решенија. Според експертите, постојат и неколку поздрави методи со кои можете да се обидете да ја зголемите вашата енергија, пренесува Bustle.
Витамини
Честопати, кога ни недостасува енергија, виновен е недостатокот на одредени витамини. Земањето на вистинските витамини може да ви помогне да се чувствувате подготвени да го започнете денот. Експертот Ариел Левитан тврди дека комбинацијата на витамини и електролити во клучните моменти може да биде многу корисна за зголемување на енергијата, а тоа може да вклучува магнезиум, калиум и витамини од групата Б. Витамините како што се витаминот Д, железото, Б12 и јод може да бидат дел од подобрувањето на вашата севкупна енергија и благосостојба.
Нане
Ако ви треба алтернатива без кофеин на вашата вообичаена шолја кафе, обидете се наместо тоа да пиете чај од нане. Имено, свежите билки и зачини како нане додадени во вода или топол/ладен чај од нане ги оживуваат и чистат вашите сетила, тврди експертот.
Вежбање
На способноста на телото да произведува енергија во голема мера влијаат секојдневните активности, а редовните кардиоваскуларни вежби создаваат повеќе достапна енергија за вашето тело. Експертот препорачува одење, качување и спуштање по скали или само истегнување. Вежбањето не само што го забрзува отчукувањата на срцето и ви дава природно подобрување на расположението, туку го подобрува и вашето држење, што пак ви дава повеќе енергија.
Вода
Чаша вода наутро може да ви помогне да избегнете пад на средината на денот. Експертот објаснува дека луѓето може да се чувствуваат тромо и уморно кога се дехидрирани, а доколку се соодветно хидрирани, ќе чувствуваат повеќе енергија.
Попладневна Дремка
Слободно дозволете си мала дремка попладне за да можете да ги завршите сите обврски,45 минути сон се препорачуваат доколку сте многу уморни. За тоа време, вашиот мозок ќе се одмори доволно за повторно да биде подготвен за акција.
Кокосова вода
Кокосовата вода не само што има одличен вкус туку може да ви даде и енергија. Секогаш е одличен избор за зголемување на енергијата бидејќи е богат со витамини од Б групата.
Седете исправено
Седењето во свиткана положба значи побрзо губење на енергија од едноставна причина: белите дробови полесно дишат ако сме во исправена положба.
