Пристигна и тоа време од годината! Температурите паднаа малку, сонцето беше заменето со дожд, а џемперите, кошулите и чизмите влегоа во гардеробата. Зачекоривме во есента со време, но и со вкус. Омилен зачин на студени температури е дефинитивно циметот. Магичен зачин кој помага во регулирање на телесната тежина, штити од рак, помага во борба против бактериски и габични инфекции. Затоа, прочитајте неколку идеи како да го ставите во омиленото смути.
Смути со јаболко и цимет
Состојки:
2 јаболка
2 лажички цимет
1/2 чаша грчки јогурт
1 лажичка семе од лен
100 мл бадемово млеко
Смути со банана и цимет
Состојки:
1 чаша млеко од соја и ванила
1 голема банана
2 лажици путер од кикирики
1/2 лажичка цимет
Зелено смути
Состојки:
1 чаша замрзнат спанаќ (може да биде и свеж)
1 банана
1 лажица семе од чиа
1 лажица путер од бадем
¼ лажици мелен цимет
½ чаши бадемово млеко
