Крофни, колбаси, ванилици, крцкаво поховано месо… Сето ова содржи свинска маст или се подготвува на старомоден начин – со маст.
Некогаш, сè беше подготвено на свинска маст, а потоа била прогласена за „нездрава храна“, главна причина за мозочен удар, срцеви проблеми и висок крвен притисок.
И, стигнавме до пластични шишиња масло, маргарини и билни намази. Но, дали салото (свниската маст) е навистина нездрава. Експертите велат – НЕ. Затоа не е лошо да ставите свинска маст повторно во вашата тава и да готвите со шерпа.
Истражувањата покажаа дека свинската маст и другите животински масти незаслужено стекнале репутација на „нездрави“. Всушност, користењето на овие старомодни методи при пржење, наместо сончогледово масло, може да го намали ризикот од срцеви заболувања и рак, велат британски истражувачи. Студија спроведена како дел од емисијата „Верувај ми, јас сум лекар“ на Би-Би-Си уште во 2015 година докажа дека маста е здрава.
Помеѓу маслото и свинска маст – изберете маст
Како дел од шоуто, група истражувачи имаа за цел да одговорат на прашањето „со кои масти и масла е најдобро да се готват?“. Тие на група волонтери им дадоа разни масти и масла – вклучувајќи сончогледово масло, растително масло, пченкарно масло, ладно цедено масло од репка, маслиново масло (рафинирано и екстра девствено), путер и свинска маст – и ги замолиле да ги користат производите во нивното секојдневно готвење.
Од волонтерите, исто така, било побарано да соберат остатоци од масло по готвењето, што потоа е анализирано од истражувачкиот тим на Универзитетот Де Монтфорт.
Еден од истражувачите, Мајкл Мозли, објаснува дека кога маслата и маста се загреваат при пржење или готвење, нивната молекуларна структура се менува.
„Сончогледовото и пченкарно масло се добри сè додека не ги изложувате на топлина, како што се пржење или готвење“, коментира водечкиот истражувач професор Мартин Грутвелд, додавајќи: „Ако би имал избор помеѓу маст и полинезаситени масти, би користел свинска маст секој пат“.


