Тешките и ригорозни диети исцрпуваат најмногу и прават нервозa, а сепак резултатите доаѓаат бавно и траат кратко. Борбата со тежина, подобрувањето на здравјето и добивањето повеќе енергија е нешто со што се соочил секој од нас, некои дури и во неколку наврати во животот. Во следниот текст ќе ве запознаеме со иновативен начин на јадење со кој ќе успеете да постигнете многу добри резултати со малку напор. Значи, пред вас е нов план за исхрана, наречен Дуброу диета.
Пластичниот хирург Тери Дуброу измисли диета која не само што ги топи килограмите, и тоа прилично брзо, туку ја затегнува кожата, го забрзува растот на коста и дава енергија, а заедно со сопругата Хедер напиша и книга за нивниот режим на исхрана.
Книгата „The Dubrow Keto Fusion Diet# e најбарана на „Амазон“, онлајн платформата за купување книги, а оваа диета во суштина не е иновација туку комбинација од две познати диети – кето и повремен пост.
Докторот тврди дека со овој начин на исхрана се намалуваат инсулинот, хроничните воспаленија, се успорува процесот на стареење и се подобрува состојбата на кожата. Своите тврдења тој ги поткрепува со истражувањето во кое учествувале над 100 луѓе, а сите во просек изгубиле по 20 килограми.
Диетата се состои од три фази:
1 – брзо слабеење – трае два до пет дена и подразбира гладување во траење од 16 часа, а неопходно е за да се поттикне процесот на слабеење. Во текот на осумте часа кога смеете да јадете, препорачани се белковини, здрави маснотии, млечни оброци и зеленчук без скроб, како и малку овошје. Може да пиете вода, чај или кафе без шеќер, како и пијалаци без калории. Прилично ригорозна оваа фаза е позната и како „фаза на црвениот тепих“ со оглед дека во рекордно време прави да изгледате послабо.
2 – постигнување сакана тежина- трае додека ги симнете вишокот килограми. Времето на гладување трае 12-16 часа, зависно со која брзина сакате да слабеете. Се јаде истата храна како во првата фаза, но со повеќе здрави масти, сложени јаглени хидрати и овошје. Дозволено е повремено да се напиете малку алкохол.
3- одржување на тежината – оваа фаза е засекогаш, за да се одржува саканата тежинаи превентивно се дејствува против болести. Два дена во неделата треба да гладувате 16 часа дневно, а пет дена по 12 часа. Исхраната е иста како во фазата 2.
Предностите на оваа диета, според стручњаците, се што неминовно води до намалување на килограмите, што е и целта. А од друга страна велат дека Дуброу нема смислено ништо иновативно со оглед дека има споено два режими.
Диетата се предлага за целосно здрави луѓе и додека се држи се советува физичка активност – околу половина час на ден.
Како и повеќето диети, таа силно ја поддржува и препорачува физичка активност, идеално барем половина час на ден. Но, не бидете фанатични и вежбајте неколку часа на ден. Умереноста, како и во сè, е клучот за добро здравје и успех кога станува збор за децата.

