Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Дуа Липа има совршено затегнато тело: Фитнес инструкторка ја откри „тајната“ на пејачката…

Пејачката Дуа Липа може да се пофали со одлична фигура, а еве како успева да изгледа вака добро.

Наградуваната поп сензација Дуа Липа го користи слободното време за да ја одржува својата фигура витка и затегната, пишува британски „The Sun“.

26-годишната пејачка се грижи и за исхраната, но како што вели не се откажува од она што го сака.

За ова проговори личниот тренер од Австралија Рејчел Атард, која добро ја познава исхраната на пејачката.

Рејчел, која е специјалист за фитнес тренинзи за жени, вели дека исхраната на пејачката е многу ефикасна и таа никогаш не избегнува одредени намирници.

  • Пејачката умерено јаде помалку здрава храна. Секогаш се грижи да има зготвен оброк, бидејќи на тој начин избегнува да јаде индустриска храна полна со нездрави состојки – објаснува Рјчел.
  • За појадок јаде банана со путер од индиски ореви, што и дава многу растителни протеини и калиум – открива инструкторот.

Дуа избегнува храна поради која се чувствувате подуени и секогаш избира салати или свеж зеленчук.

Инаку, пејачката е родена и израсната во Лондон, но многу време поминувала во Албанија, од каде што се нејзините родители, па е љубител и на традиционалната албанска кујна, слична на медитеранската,полна е со здрави масти како маслиново масло, риба и свеж зеленчук.

Ако копнее по пица или хамбургер, не си го негира тоа. Вакви задоволства си дозволува во денови кога не е многу зафатена.

Што се однесува до вежбањето, Рејчел вели дека Дуа обично вежба наутро.

Денот го започнува со HIIT тренинг, кој не бара опрема, е краток и идеален за нејзиниот напорен распоред. Акцентот на нејзиниот тренинг е ставен на стомачните мускули и глутеусот, а често трча на лента за трчање и вози велосипед.

Еден од омилените облици на рекреација и е боксот бидејќи, како што вели, со него успева да си ги расчисти мислите.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement