Познатиот спортист реши да ги промени нездравите животни навики и да се врати во фит форма.
Најдоминантниот НБА играч на сите времиња за „GQ“ проговори за својата нова рутина и програма за исхрана. О’Нил рекол дека го променил начинот на исхрана и почнал да користи елипсовидна (фитнес машина) откако сфатил дека салото на стомакот му поминува преку панталоните.
– Се будев и одев на работа, кулирав, јадев што било. Не обрнував внимание. Еден ден погледнав надолу и помислив дека стомакот ми е под половината – изјавил познатиот спортист.
О’Нил рекол дека го намалил дневниот внес на јаглени хидрати и масти и дека сега јаде повеќе овошје, зеленчук и протеини со малку маснотии. Тој додаде дека неговата нова диета и рутина за тренирање му помогнале да изгуби тежина и да остане здрав. Влегол во овој процес, вели, за да остане здрав по 50-тата година од животот.
МЕНИ
Шекил изјави дека јаде пет оброци дневно, а речиси сите вклучуваат овошје или зеленчук. Вклучувајќи овошје во првите три оброци во денот. За појадок јаде овошје, потоа три колбаси од мисирка и околу четири или пет белки од јајца.
Пензионираната НБА ѕвезда нагласува дека неговиот втор оброк е само овошје, потоа повеќе овошје и шејк или смути за третиот оброк. Тој претходно за „Men’s Health“ изјави дека неговиот рецепт за смути се состои од боровинки, банани и путер од кикирики.
Четирикратниот шампион во НБА лигата за четвртиот оброк има само салата, а неговиот петти оброк се состои само од посно пилешко, риба или стек. О’Нил претходно спомна дека неговата омилена риба е лососот, кој сега му е омилен оброк за вечера.
Тој го намалил внесот на масти, јаглехидрати и вклучил повеќе овошје во исхраната за да ослабе, а експертите велат дека околу 25-30% од секојдневната исхрана на човекот треба да се состои од овошје.
Јаглехидратите се исто така одлично гориво за брза енергија за вежбање, а здравите масти, како што е маслиновото масло, се клучен дел од исхраната за здравјето на срцето и имаат антиинфламаторни придобивки и антиоксиданси.
Неговиот најголем проблем во придржувањето до планот за исхрана е што често патува и не може да се храни како што јаде дома, но сепак се труди да остане здрав бидејќи сака тело на 19-годишник и не се сомнева дека ќе успее. Од тренингот практикува само кардио вежби (30-40 минути), потоа тренира гради, раце, бицепс, трицепс.


