Начинот на кој Иванка Трамп ослабе во 2022 година е инспирација за милиони луѓе кои го следат секој нејзин чекор, а диетата што ја практикувала би можела да стане најдобра во 2023 година.

Диетата со малку јаглени хидрати и лимонада на Иванка Трамп е одличен начин да ги претворите мастите во енергија.Ова е еден од најдобрите начини за контрола на акумулацијата на масти во телото и ослободување од сериозни здравствени проблеми.
Покрај диетата, Иванка почнала да вежба најмалку 30 минути секој ден, што и обезбедувало големи количини на енергија неопходни за активен ден како мајка и деловна жена.
Користејќи ја оваа диета, Иванка ослабе 13 килограми.
Иванка Трамп го започнува денот во 5:30 часот кога вежба јога или трча околу половина час. Прво што пие наутро е вода со лимон, а потоа за појадок има житарки со боровинки и грчки јогурт. Понекогаш во кашата додава јаткасти плодови, ленено семе, бадеми и гоџи бобинки.
Таа се труди да пие што повеќе вода во текот на денот, а чајот и кафето ги сведува на минимум.
Иванка вели дека кога е во прашање појадокот има две опции: грчки јогурт со семки или овесна каша со овошје.

Нејзиниот ручек речиси секогаш се состои од супа, по што следи зеленчук на скара или динстан со месо. Најчесто ја прескокнува вечерата.
Иванка наведува дека медитацијата и помогнала најмногу во процесот на слабеење и дека ја практикува најмалку 2 пати на ден.
Имајќи предвид дека 2022 година беше многу болна година за Иванка, со оглед на тоа што почина нејзината мајка Ивана Трамп, но и дека нејзиниот сопруг се бори со тешка болест – ѝ оддаваме заслуга за нејзината голема упорност да работи на себе и на своето здравје.

