Диетата на Сузана Манчиќ е вистински предизвик. Иако е исклучително ефикасна, тоа подразбира силна волја и упорен карактер, како и минимален внес на храна. Сепак, Сузана се пофали дека изгубила пет килограми за само осум дена и дека може да ги облече работите што ѝ висеа во гардеробата до неодамна.
Сузана Манчиќ откри дека на почетокот имала осумдесет килограми и дека за само осум дена ослабела пет килограми и дека е се поблизу до целта од идеалните седумдесет килограми.
- „Јас секогаш го започнувам утрото со топла лимонада и кесичка суплементи во кои ги има сите потребни минерали и витамини. Истото го пијам и за ручек. Ако сум гладна, ми е дозволено да јадам само една свежа краставица. Ова е т.н. диета за липосукција, на која сум осум дена. Тежев 80 кг. и мојата цел е да достигнам 70кг. Јас сум на вистинскиот пат, сега за сега вагата покажува 75 кг“ – откри Сузана и истакна дека вечерата е најобемниот оброк во оваа диета.
- „Луѓето се изненадени затоа што вечерата за време на оваа диета е најобемниот оброк, но верувајте ми дека работи! Шеќерите не доаѓаат предвид, а мене ми е забрането дури и овошје. Од зеленчукот, дозволено е само зелено: брокула, ракета, зелена салата и спанаќ! Јадам и парче риба или карфиол. Можам да пијам чај и кафе во текот на целиот ден, се разбира без шеќер. Дозволено ми е и чаша вино, но само еднаш неделно.“
Диетата на Сузана Манчиќ се чини дека е доста исцрпувачка, но таа открива дека е полна со енергија.
- „Убаво спијам. Имам енергија цел ден. Не ми е дозволено да трчам, ми се препорачува само лесна прошетка или масажа. Ја забележувам разликата во тежината според гардеробата, која беше тесна за мене неодамна. Сега можам да носам сè што имав во плакарот до пред пет дена – вели Сузана за „Хит“.
ТВ ѕвездата открива дека упорноста е клучот на успехот, а таа е, како што вели, исклучително упорна и ја носи својата храна со себе насекаде, дури и на гости.
- „Сите ми се смееја кога го сторив тоа. Но, јас сум карактер и нема да ги кршам правилата. Не си давам пауза, никогаш не јадев месо на скара или слатки за време на диетата. Тоа би ја уништило диетата.“
