Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Диетата за која зборува цел интернет: Ниту една храна не е забранета, а ова треба да го јадете секој ден…

Фокусот е на ограничување на сè што знаеме дека не е добро во големи количини.

Летото полека се наближува, а оние кои „стават“ некој килограм вишок во текот на зимата, бараат диета која ќе им помогне да ослабат додека не дојде време за шорцеви и костими за капење.

Во последните неколку дена на интернет станаа вирални видеа на кои луѓето тврдат дека изгубиле многу килограми за краток временски период.

Како што велат, тоа успеале да го направат користејќи нордиска диета.

Што е нордиска диета?
Нордиските земји ги вклучуваат Данска, Финска, Норвешка, Исланд, Шведска и Гренланд, а нордиската исхрана се заснова на нивниот традиционален начин на исхрана, пишува Webmd.

Слично на медитеранската исхрана, нордиската исхрана е растителна, но не е веганска или вегетаријанска, претпочита овошје и зеленчук и препорачува помали количини на месо и јаглехидрати. Добрата вест е што ниту една храна не е забранета во оваа диета.

Фокусот е на ограничување на сè што знаеме дека не е добро во големи количини: високо преработена храна, слатки и црвено месо.

За разлика од другите диети за слабеење чие што точно потекло е претежно непознато, нордиската диета беше создадена во 2009 година на Универзитетот во Копенхаген, а беше креирана од некои од најдобрите нутриционисти, готвачи и економисти од тоа време.

Главна причина за започнување на тој проект секако беше дебелината во земјава, која забрзано почна да расте со појавата на брза храна на секое ќоше, која не само што ги дебелее луѓето, туку и многу лошо влијае на здравјето на луѓето.

Храна што треба да ја јадете
Нордиската диета ве охрабрува да јадете многу целосна храна, особено локално и во сезоната, а тие вклучуваат:

-Рж,овес

-Овошје

-Цвекло

-Морков

-Лосос,туна,сардина,скуша

-Млечни производи со мала содржина на масти

-Мешункаст зеленчук

Горенаведените намирници можете да ги јадете секој ден. Сепак, постојат и намирници кои можете да ги јадете, но умерено.

Храна која треба да ја јадете умерено и повремено се јајцата и месото од дивеч.

Како и многу диети, нордиската диета исто така има храна што треба да ја избегнувате и да ја јадете многу ретко,станува збор за:

-Алхохол

-Рафинирани шекери

-Преработено месо

-Намирници со висока содржина на сол

-Леб

-Газирани пијалоци

Прочитај

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Advertisement
betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom