Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

План за исхрана на Кејт Мидлтон: Вака изгледа менито на жената на која многумина и завидуваат на витката фигура…

Жените ширум светот ја обожаваат и го копираат нејзиниот стил, но и нејзините здрави навики.

Кејт Мидлтон редовно не восхитува со своите комбинации, а некои од стиловите кои ги носи ја истакнуваат нејзината витка фигура. Поради ова, многумина се прашуваат која е тајната на изгледот на принцезата од Велс.

Кејт роди три деца, има 41 година и е многу активна во бизнисот, но и покрај сето ова успева да се грижи за својата линија.

Како што пишува „Експрес“, вака изгледа менито на Кејт Мидлтон.

Појадок
За да го започне денот, Кејт е позната по тоа што подготвува обилен, енергичен појадок со овесна каша, која е богата со протеини, влакна и јаглехидрати. Овесот не само што е здрав за намалување на холестеролот, туку го подобрува и здравјето на цревата и контролата на шеќерот во крвта, па Кејт со овој оброк покрива неколку здрави навики.

Принцезата од Велс ужива и во смути со кељ, спанаќ и боровинки.

Ручек
Како што одминува денот, Кејт продолжува да јаде храна која е богата со антиоксиданси, додека се обидува да вклучи што е можно повеќе сурови состојки во својот ручек. Многумина велат дека еден од нејзините омилени оброци е салата од лубеница со авокадо, кромид, краставица и фета сирење.

Иако не е вегетаријанка, Кејт за ручек најмногу јаде вегетаријански јадења, а омилени и се леќата и зеленчукот.

Ужина
Кејт сака бобинки, кои го зајакнуваат имунитетот, а кога сака солена ужина, јаде пуканки. Во една прилика рекла дека сака да јаде маслинки како закуска и дека ги сакала уште кога била мала.

Вечера
Според некои извештаи, Кејт сака да јаде пилешко за вечера, но со децата сака да подготвува тестенини, пица и суши.

Десерт
Дарен Мекгрејди, претходниот готвач на кралското семејство, откри дека омилениот десерт на Кејт е пудинг од карамела, класичен англиски десерт кој се состои од темен пандишпан направен од урми и прелиен со сладок карамел сос. Лесен по текстура и богат со вкус, овој десерт одлично се комбинира со сладолед од ванила или топла шолја кафе.

Прочитај

Wall Street

Во време кога спортот сè повеќе се препознава како моќна алатка за позитивна општествена трансформација, со значајно влијание врз младите генерации, се појавува потреба...

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

Advertisement