Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Детокс напиток за ладните зимски денови

Дали тешко ви паѓаат студените зимски денови?

Дали ви е потешко да станете од кревет и да се чувствувате како да немате сила што ја имате во изобилство во текот на летото? Ако одговорот е ДА, тоа значи дека ви треба мала доза природна стимулација или пијалок за детоксикација што ќе ги олесни и разубави студените зимски денови. Зошто пијалок за детоксикација, ќе се запрашате. Како прво, затоа што кога ќе го исчистите телото од насобраните токсини, ќе ви биде многу полесно да функционирате и да се борите против потенцијалните бактерии и вируси.

Едноставниот рецепт за пијалок за детоксикација што ви го донесуваме денес, ќе ви одземе само неколку минути за да го подготвите, а ќе има вкус на освежувачка овошна чаша со сладолед во лето.

СОСТОЈКИ:

2дл вода

2 лажици јаболков оцет

2 капки сок од лимон

1/2 лажичка мелен ѓумбир

1/2 лажиче цимет

нотка на пиперка

1 лажичка мед

ПОДГОТОВКА:

Загрејте ја водата на средна температура. Истурете ги сите состојки во малку поголема чаша и прелијте ја со вода. Добро промешајте и пијте на посакуваната температура. Нутриционист препорачува да го пиете овој пијалок 3 пати на ден, околу 20 минути пред секој оброк.

Предности на овој пијалок:

Овој пијалок содржи некои од најдобрите состојки за детоксикација. Јаболков оцет ја подобрува работата на метаболизмот како целина, чистејќи го црниот дроб и лимфниот систем.

Сокот од лимон има алкално дејство врз вашето тело и помага во регулирање на нивото на pH. Витаминот Ц, кој се наоѓа во лимоните, е важен за здравјето и сјајот на кожата, како и за зајакнување на имунитетот.

Цимет, бибер и ѓумбир содржат терапевтски соединенија, кои помагаат да се намали воспалението, подобро варење и да се забрза метаболизмот. Корисни се и за губење на вишокот килограми.

Медот е познат по своите здравствени придобивки, а освен што е сладок, на вашето тело му обезбедува и есенцијални антиоксиданти.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement
rexbet   rexbet   rexbet   betebet   betebet   süperbet   süperbet   betebet   betebet   betebet   betebet   holiganbet   holiganbet   meritking   meritking   onwin   onwin   onwin   betgaranti   betgaranti   casibom   casibom   betgaranti   betebet   betebet   onwin   onwin   betgaranti   betgaranti   mrking   mrking   mrking   betebet   betebet   superbet   superbet   superbet   superbet   mrking   mrking   casibom   casinoper   bahisnow   casibom   betgaranti   betgaranti   slotbar   slotbar   onwin   onwin   rexbet   rexbet   casibom