Кејт Мидлтон е една од членовите на кралското семејство која постојано е под будното око на јавноста.Откако Кејт Мидлтон стана дел од кралското семејство, мораше да ги прифати сите правила наметнати со строгиот кодекс, а притоа секогаш мора да биде стилизирана и насмеана.

Таа е идната кралица, а нејзиниот изглед плени на секој чекор. Кејт изгледа фантастично и отсекогаш е исто со години, што меѓу другото се должи и на исхраната и здравиот начин на живот.
Доколку не сте знаеле, нејзиниот план за исхрана е најпребаруван на Google меѓу кралското семејство, со дури 55.000 пребарувања годишно. Кејт сака да јаде разновидна храна богата со хранливи материи, наводно, повеќето од оброците ги готви дома.
Денот го започнува со овесна каша, а многу често сака да прави смути мешајќи кељ, зелена салата и боровинка. Кејт не е вегетаријанка, но често избира различно овошје и зеленчук за ручек, па омилен оброк и е лубеница со авокадо, краставици и фета сирење, а за ублажување на гладот мора да има и овошни грицки.
Она што е најинтересно е каква храна и била забранета, барем додека била жива кралицата Елизабета. Имено, на таа листа се и компирите, оризот и тестенините кои никогаш не се јадат за вечера. Исто така, при патување, строго е забрането да се јаде школки бидејќи тие лесно можат да предизвикаат труење.
