Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Денот го започнува со овој пијалок,таа не се откажува од едно правило: Која е тајната на совршената линија на Елизабет Харли на 59 години?

Британската актерка Елизабет Харли на 10 јуни наполни 58 години, а потоа со своите обожаватели сподели фотографии во костим за капење кои покажаа дека актерката изгледа совршено и во својата 6-та деценија.

Нејзиното витко тело и извајани мускули можат да послужат како инспирација за многу дами кои сакаат да изгледаат фантастично, а како што актерката еднаш откри, клучот за нејзината совршена фигура лежи во дисциплинираната исхрана.

Елизабет Харли за Дејли Меил откри дека секој ден го започнува со две шолји топла вода.

  • Да, знам, вкусот е одвратен, но е добар за дигестивниот систем – објасни таа.

Откако ќе испие две шолји топла вода, Елизабет појадува, главно комбинација од следниве намирници: јогурт, банана и малку мед.

За ручек најчесто јаде домашна супа од зеленчук, а денот го завршува со чадено пилешко со многу зеленчук.

– Половина од секој мој оброк мора да се состои од овошје или зеленчук – изјавила актерката во едно интервју.

  • На пример, ако појадувам сендвич, дефинитивно ќе изедам јаболко – објаснила таа.
  • Не јадам слатки, ретко пијам алкохолни пијалоци, па дури и тогаш во помали количини, а одамна не сум јадела преработена храна – објаснува актерката.

Но, на она што не може да одолее е путерот од кикирики, на кој може да му пристапи со лажица во рака.

  • Ако го направам тоа,после првата лажица веднаш следи втората – вели Елизабет и признава дека понекогаш наместо тоа со прстот само фаќа помала количина и го лиже путерот за да се заслади.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement