Британската актерка Елизабет Харли на 10 јуни наполни 58 години, а потоа со своите обожаватели сподели фотографии во костим за капење кои покажаа дека актерката изгледа совршено и во својата 6-та деценија.
Нејзиното витко тело и извајани мускули можат да послужат како инспирација за многу дами кои сакаат да изгледаат фантастично, а како што актерката еднаш откри, клучот за нејзината совршена фигура лежи во дисциплинираната исхрана.
Елизабет Харли за Дејли Меил откри дека секој ден го започнува со две шолји топла вода.
- Да, знам, вкусот е одвратен, но е добар за дигестивниот систем – објасни таа.
Откако ќе испие две шолји топла вода, Елизабет појадува, главно комбинација од следниве намирници: јогурт, банана и малку мед.
За ручек најчесто јаде домашна супа од зеленчук, а денот го завршува со чадено пилешко со многу зеленчук.
– Половина од секој мој оброк мора да се состои од овошје или зеленчук – изјавила актерката во едно интервју.
- На пример, ако појадувам сендвич, дефинитивно ќе изедам јаболко – објаснила таа.
- Не јадам слатки, ретко пијам алкохолни пијалоци, па дури и тогаш во помали количини, а одамна не сум јадела преработена храна – објаснува актерката.
Но, на она што не може да одолее е путерот од кикирики, на кој може да му пристапи со лажица во рака.
- Ако го направам тоа,после првата лажица веднаш следи втората – вели Елизабет и признава дека понекогаш наместо тоа со прстот само фаќа помала количина и го лиже путерот за да се заслади.
