Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Денот го започнува со вода со лимон: Диета со која Џенифер Лопез изгледа совршено на 54 години…

Латино дивата годинава ќе наполни 54 години, а изгледа феноменално, во што и помагаат секојдневните тренинзи и урамнотежената исхрана.

  • Не сакам да се изгладнувам. Но, научив дека е важно да се одржува здрав начин на живот – изјави еднаш пејачката.

Во продолжение ви претставуваме 7 правила по кои таа се води кога е исхраната во прашање, а тоа очигледно дава резултати.

Џеј Ло го започнува денот со свеж и здрав напиток, а за да подготвите смути по рецептот на Џенифер Лопез, потребно е:

1 лажичка протеински прав
3/4 шолја јагоди
1/4 чаша боровинки
1/4 чаша малини
1/4 чаша грчки јогурт
1/4 лажичка цимет
1/4 лажица мед
1/4 лажица свеж сок од лимон
1/4 чаша коцки мраз

Таа пие многу вода

Еден од личните тренери на Џеј Ло, Дод Ромеро, еднаш изјави за Us Weekly дека Џенифер пие многу вода за да остане хидрирана.

– Пие најмалку седум чаши дневно – сподели Ромеро и додаде дека секое утро го започнува со чаша вода со лимон.

Според Ромеро, Џеј Ло јаде многу протеини, кои вклучуваат белки од јајце, мисиркино месо, пилешки гради, риба и говедско месо. Јаде месо 3 до 4 пати неделно.

Џенифер исто така добива протеини од растителни извори, вклучително и јаткасти плодови, кои ги јаде „грст дневно“.

Покрај тоа, нејзината чинија е богата со зеленчук, а Ромеро исто така изјавила дека омилен зеленчук и се кељот, брокулата и спанаќот. Но, таа избегнува зеленчук како моркови и пченка, за кои додава дека имаат повеќе природен шеќер.

  • Секогаш имам со мене здрави грицки како овошје и зеленчук – изјавила дивата за People.

Еден од начините на кои таа останува доследна на нејзината здрава исхрана е да се погрижи нејзиниот фрижидер секогаш да биде полн со здрава храна.

  • Мислам дека најважно е фрижидерот секогаш да е полн – рекол нејзиниот личен готвач Келвин Фернандез.
Jennifer Lopez Versace on the catwalkVersace show, Runway, Spring Summer 2020, Milan Fashion Week, Italy - 20 Sep 2019

Нејзиниот личен готвач Фернадез откри дека минералната вода, овошјето и зеленчукот се секогаш присутни во нејзиниот фрижидер, иако Џени не е голем љубител на овошјето.

Секогаш има зеленило како спанаќ, краставица и целер за правење зелен сок.

  • Знам дека Џенифер не сака лосос, па ако подготвувам лосос, секогаш морам да и правам бас или бакалар затоа што едноставно не е љубител на текстурата и вкусот на лососот – изјави Хернандез.

Иако јаде здрава храна секој ден, таа исто така не се лишува целосно, а слатките и се слабост, па понекогаш се почестува.

  • Имам едно или две колачиња што ги јадам, но вистината е дека се чувствувам како да се работи за конзистентност. Мислам дека сè во животот е доследност – рече таа.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement