Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Деликатес за вечера: Спремете вкусна гурманска пилешка паштета

Дали има нешто подобро од комбинирање на здраво, вкусно и заситувачки? Оваа пилешка паштета одзема малку напор и време, но тоа ќе биде вкусно и здраво решение за појадок, ручек или вечера.

Пилешкото е лесно достапно и не е многу скапа опција за јадење. Но, честопати луѓето знаат да се заситат од јадејќи го истото цело време, затоа ви носиме рецепт што ќе му даде на пилешкото ново руво, а на вас исклучително фин оброк, на кој не потрошивте многу пари.

24sata

Состојки:

1 пилешко
1 пециво (кајзерица)
млеко
1 јајце
2-3 кисели краставички
Француски сенф
2 лажици павлака
2-3 лажици мајонез
сок од половина лимон
магдонос, сол, бибер

Dreamstime

Подготовка:

  1. Исечете го пилешкото на помали парчиња и сварете го. Кога ќе се свари, оставете малку да се излади.
  2. Извадете го месото и сомелете го во мелница за месо.
  3. Пренесете го месото во поголема чинија и додадете го пецивото натопено во млеко. Промешајте со рацете.
  4. Додадете едно сурово јајце и промешајте повторно.
  5. Исечете ги киселите краставички на мали коцки и додајте ги во смесата.
  6. Прво додадете павлака, потоа сенф и лимон. После тоа зачини. Измешајте сè добро за да направите мазна смеса и пробајте.
  7. Во случај на недостаток на “подмачкување” додадете 2-3 лажици мајонез.
  8. Паштетата можете да ја оставите во еден сад или да ја поделите на помали чинии со капаци и да ја ставите во фрижидер 2 до 3 часа да се олади и исцеди.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement