Ако најдете простор во вашите утрински ритуали за некои од овие корисни навики, можеби ќе бидете изненадени од моќта на нивните позитивни ефекти.
Што никогаш не пропуштате да правите наутро (заедно со хигиената, се разбира)? Без разлика дали се работи за продолжено излежување, пиење кафе, краток тренинг, брзо чистење на станот, сурфање… Секој од нас има уникатни утрински ритуали кои се менуваат во текот на животот, во зависност од животниот стадиум и услови. И колку и да се чувствуваме добро со нив, секогаш може да биде уште подобро. Некои мали промени во вашиот утрински распоред и нови, мали навики навистина можат да ви го променат животот на подобро или, во најмала рака, да ви го подобрат денот. Ако прифатите само една од следните девет навики, може да бидете пријатно изненадени од резултатите.
Поместете го будилникот (мобилен телефон, аларм) подалеку од креветот
Кој не го прави тоа? Со френетично притискање на копчето за одложување, купуваме дополнителни пет, десет, петнаесет… минути во кревет. Излажете се: поместете го часовникот толку подалеку од креветот што нема да можете да го достигнете доколку не станете. И тоа е тоа – на нозе сте!

Читање книга
Можеби вашето омилено утринско читање е вашиот паметен телефон, но читањето книга е одличен начин да го започнете денот, без разлика дали се работи за напнат трилер или инспиративна биографија. Читајќи книга, денот го започнувате со нови знаења, а можеби ќе ви се разбуди креативноста и мотивацијата да го извлечете најдоброто од денот што претстои.
Намести го креветот
Местењето на креветот наутро можеби изгледа како досадна работа, но ќе ви биде мило што сте го направиле штом ќе ја стекнете навиката. Не постои поедноставен начин од тоа да се разбуди во вас позитивно чувство, чувство за достигнување – средениот кревет нема да ве привлече толку многу за да му се вратите, а уредниот простор ќе делува смирувачки и ќе ја олесни утринската гужва.
Направете план
Наутро испланирајте ги вашите активности и се што сакате да постигнете во денот кој започнал, и на личен и на професионален план. Поставете ги вашите приоритети и држете се до планот, тоа е најдобрата гаранција дека всушност ќе го постигнете она што сте го замислиле. Ако го започнете денот без никаков распоред, сосема е можно да не направите ништо важно. Секако, бидете реални во планирањето.
Отворете ги прозорците
Отворањето на прозорците е идеален начин да го започнете денот (особено ако работите од дома). Природната светлина и утринскиот воздух ќе ве разбудат и освежат и ќе ве подготват за се што ќе донесе денот.

Вежбајте и пијте вода
Добро е познато колку силно хидратацијата и вежбањето позитивно влијаат на физичкото и менталното здравје. Пијте доволно вода наутро за поздрав почеток, а ако навистина не сакате да вежбате, барем добро истегнете се. Движењето е исклучително важно, бидејќи ја зголемува енергијата и нивото на ендорфин, хормони за добро расположение.
Разбудете се секој ден во исто време
Одлично е да најдете време за будење кое најдобро одговара на потребите на вашето тело и обврските што ги имате, и секое утро да се будите во тоа време. Истото важи и кога се оди на одмор. Со текот на времето, телото ќе се навикне и ќе ги усогласи своите ритми со времето кога одите на спиење и времето кога се будите и ќе функционира совршено во зацртаните рамки.
