Летните горештини носат изгореници, топлотни удари и испотени ноќи, а освен тоа се јавува и надуеност која предизвикува непријатни болки. Сепак, постојат две напивки кои ќе ви помогнат со овој проблем, а ги има во речиси секоја самопослуга.
Како една од причините за надуеност во летните денови се наведуваат ладните пијалоци кои ги консумираме за да се разладиме. Сепак, нутриционистката Памела Мејсон од советодавниот панел за чај истакнува дека има и други фактори кои влијаат на надуеноста во текот на летото, пишува Klixba.
Таа наведува дека топлината предизвикува проширување на крвните садови и капиларите, овозможувајќи повеќе течност да ги пополни меѓуклеточните простори помеѓу органите и ткивата. Потоа, има некои истражувања кои покажуваат дека потоплото време може да го промени балансот на бактериите во цревата, што може да доведе до лошо варење.
Таа исто така посочува дека има решение за оваа непријатна ситуација и тоа со консумирање црн чај и чај од ѓумбир. Топол чај можеби не изгледа како идеална опција за летните денови, но Мејсон вели дека флавоноидите во црниот чај можат да го намалат воспалението во цревата.
Овие чаеви исто така можат да ја регулираат микробиолошката мешавина во цревата, намалувајќи ги штетните бактерии и зголемувајќи ги корисните. Покрај тоа, нутриционистката предложи да јадете храна богата со растителни влакна и да вклучите редовна физичка активност за да се ослободите од надуеноста.
