За да се ослободите од вишокот вода во организмот и да го забрзате слабеењето, подгответе два вкусни чаеви кои ја чистат крвта и телото од токсините, го стимулираат метаболизмот и ја елиминираат надуеноста.
Чај од корен од глуварче:
Глуварчето (Taraxacum officinale) е бесплатна суперхрана, а чајот од неговите корени го подобрува варењето, го чисти црниот дроб, го поттикнува потењето, ги отстранува токсичните материи од крвта и телото, ја чисти слузницата на дишните органи и го намалува холестеролот.
Подготовка:
Во млака вода ставете една кафена лажичка издробен исушен корен од глуварче. Загрејте додека не зоврие, а потоа варете уште 10 минути. На крајот, процедете.

Чај од анасон:
Чајот од анасон го стимулира метаболизмот, излачувањето на вишокот течности и токсините. Исто така, ја подобрува цревната перисталтика, го намалува чувството на глад и го елиминира запекот и надуеноста.
Подготовка:
Во литар топла вода додадете 4 лажички семки од анасон и варете 5 минути. Се трга од оган, се покрива и се остава да отстои 15 минути.На крајот, процедете
Пијте го чајот по ваш избор два до три пати на ден.
