Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Дали сте слушнале за појадок шакшука? Калоричен е, но ќе уживате во секој залак!

Шакшука или „Shakshouka“, во превод мешавина, е јадење од Тунис, но многу често може да се најде на трпезата на другите арапски земји, особено во Мароко, Израел, Саудиска Арабија, Алжир, Либан… Се подготвува од зеленчук, со додавање на јајца. Можеби мислите дека е слично на нашата летна манџа, бидејќи состојките се речиси идентични. Но, тоа не е … вкусот е сосема поинаков. Кимот и ситно мелената лута пиперка даваат фантастичен, типичен, препознатлив вкус, а јајцето пржено во овој сос има сосема поинаков вкус.

Состојки:

3-4 јајца
500 гр домати или излупени домати
1 лажица доматно пире
1 среден кромид
2 црвени пиперки
2 чешниња лук
1 лажица маслиново масло
ким, мелен црвен пипер (чили), мајчина душица, магдонос, сол и бибер, прстофат шеќер

Подготовка:

Во длабока тава на маслиново масло пропржете го сечканиот кромид, па лукот и пиперката околу пет минути. Додадете доматно пире, сос од домати исечен на коцки, бибер, шеќер и зачини.

Покријте и вриете околу 10 минути, мешајќи неколку пати. Направете мали гнезда со лажица и истурете јајца во нив. Гответе поклопено уште десетина минути, додека не се сварат јајцата. Кога се е готово, посипете ги со ситно сечканите зачини: мајчина душица (мајчина душица) и магдонос.

Послужете со крцкав тост.

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement