Хартиените крпи се додаток на скоро секоја кујна и неопходна алатка за скоро секоја домаќинка. Освен што секогаш се при рака кога нешто се истура или слично, тие можат да се користат и за свежината на вашето овошје и зеленчук, а еве како:
Тоа е многу едноставно. Прво поставете ја фиоката во фрижидер со хартиени крпи и дури потоа ставете зеленчук и овошје на неа. Имено, може да ослободи влага, па дури и малку вода, особено ако е зеленчук со лисја, а салфетката ја апсорбира таа влага, така што храната нема да започне брзо да скапува.
Покрај тоа, влагата во салфетките им помага на лисјата да останат свежи подолго. Заменете ги секогаш кога ставате нова храна во фиоката или гледате дека е премногу влажна и валкана. Освен што го одржуваат свеж, крпите ќе се погрижат и фиоката во вашиот фрижидер да остане чиста подолго, пренесува Reader’s Digest.
