Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Дали сме навистина подготвени да пиеме млеко од компир?

Ако сеуште цврсто верувате дека единственото „вистинско млеко“ е кравјото млеко, сигурно ви било тешко да прифатите сојно, овесно, бадемово, оризно… Додуша, можеби се уште не сте ги прифатиле, но сепак мораме да ве информираме дека е следниот нов „тренд“ производ од горенаведената листа е млеко од компир.

Чекај, што?

Да, колку и да се надевавме дека кравјото млеко конечно ќе го врати изгубениот статус, тоа не се случи, но се случи компирот да стане нова замена за лактоза во нашите омилени кремасти кафиња.

Млекото од компир се прави на ист начин како и сите останати „измислени“ млека – исцедете ја пулпата, измешајте со вода и додадете уште неколку мистериозни состојки. Но, во овој момент не можеме а да не се запрашаме – како луѓето сакаат да пијат компир, а не да ги јадат во пржена, печена или варена форма?

Судејќи според производителите, но и борците за одржливост, млекото од компир се смета за еколошки најсвесно од сите растителни млека, бидејќи за одгледување на компир е потребно двојно помалку земја од одгледувањето на овес, а се користи многу помалку вода отколку за одгледување бадеми.

Доколку пиењето млеко од компир ви изгледа интересно, засега можете сами да го направите, но се очекува наскоро да го најдеме во малопродажба низ светот во оригинална, незасладена и бариста верзија.

И покрај фактот дека очигледно ќе стане голем тренд, ние сме заинтересирани за вкусот на млекото од компир? Дали има скроб во него? Дали мириса на живи компири? Дали има врска со вотка?! Па, очигледно ќе треба да бидеме трпеливи пред овој необичен пијалок да пристигне во нашите омилени кафетерии.

Прочитај

____баланс новости и трендови

Во семејството на добитници од инстант лотаријата на Државна лотарија се приклучи нова среќна добитничка — К.Т. од Битола, која со еден изгребан лоз...

____celebrity

Музичката ѕвезда Ријана и нејзиниот партнер, раперот ASAP Rocky, добија девојче. Ова е нивното трето дете. Таа ја сподели добрата вест на социјалните мрежи....

Green Tea

Се грижиме за нашата кожа во текот на денот главно со хидратантни креми, серуми и слично. Сепак, не треба да се занемари вечерната и...

Green Tea

Јадењето повеќе овошје и зеленчук може да помогне во намалувањето на крвниот притисок, но еднo полно со хранливи материи се издвојува од останатите. Високиот...

Advertisement