Обрнете внимание затоа што оваа навика може да биде многу штетна…
Додека седите, скоро несвесната реакција е да ги прекрстите нозете.
И таа навика, на долг рок, може да биде многу штетна за вашето здравје.
Значи, следниот пат кога ќе видите дека повторно сте ги прекрстиле нозете додека седите, помислете на 6-те потенцијални здравствени проблеми што можат да се појават поради вакво седење.
Ги оштетува стапалата и нервите
Ако седите во таа положба подолг временски период, перонеалниот нерв може да се оштети, што ги ослабува мускулите задолжени за подигнување на стапалата.
Овој начин на седење може да доведе и до нерамнотежа во карлицата затоа што внатрешниот бутен мускул станува пократок, а надворешниот бутен мускул станува подолг, а во таква состојба постои ризик од поместување на зглобовите од место.
Поврзување со покачен притисок
Многу студии покажуваат дека навиката на долго седење со прекрстени нозе доведува до зголемување на крвниот притисок во телото, дури и ако нема проблеми со притисокот. Избегнувањето на такво седење доведува до подобра циркулација.
Вени и циркулација
Шансите за развој на таканаречени “пајакови вени” се поголеми ако седите со скрстени нозе долго време. Иако генетиката игра важна улога во појавата на видливи вени, седењето со скрстени нозе може да биде и причина за нивниот изглед.
Имено, во вените има мали вентили кои спречуваат крвта да тече во погрешна насока. Но, ако нозете се прекрстени, притисокот врз вените се зголемува и го отежнува протокот на крв.
Лошо држење на телото
Некои истражувања покажуваат дека ваквото седење подолго од три часа на ден може да доведе до подвиткано држење на телото, болка во долниот дел на грбот и вратот, како и создавање на непријатно чувство во колковите.
Болки во зглобовите
Прекрстувањето на нозете не само што е лошо за држење на телото, туку може да предизвика и болка во зглобовите. Тоа може да доведе до повреди на вратот, карлицата, долниот дел на грбот и колената. И особено треба да избегнувате вакво седење ако веќе имате болка во коленото.
Оток на зглобовите за време на бременоста
Избегнувајте вкрстување на нозете за време на бременоста – тоа е потполно безбедно за детето, но може да предизвика оток на зглобовите и грчеви во нозете. Ако почувствувате некој од овие ефекти, обидете се да седите со двете нозе на подот или да ги кревате.


