Здравјето е на прво место…
Внесувањето на минерали во организмот е исклучително важно.
Особено заради пандемијата на коронавирусот.
Меѓу најважните е селенот.
Тоа е суштински микроелемент и моќен антиоксиданс.
Селенот ги штити клетките од оксидација, но исто така спречува и предвремено стареење на кожата, мускулите и мозокот.
Учествува во превенција на кардиоваскуларни заболувања и, се разбира, го зајакнува имунитетот и поттикнува излачување на некои токсини во црниот дроб.
Селенот, според некои истражувања, може да го намали ризикот од рак на гастроинтестиналниот тракт, како и рак на простата.
Како што покажаа студиите, селенот има и позитивно влијание врз плодноста кај мажите.
Бидејќи човечкото тело не произведува селен, потребно е да се внесе со соодветна диета.
Храната богата со протеини е исто така богата со селен, затоа проверете дали на вашата трпеза имате риба (туна), морска храна, црвено месо, житарици и јајца.
