Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

ДАЛИ ОВОШНИТЕ СОКОВИ МОЖАТ ДА ЗАМЕНАТ ОБРОК: НУТРИЦИОНИСТИТЕ СЕ ЈАСНИ,3 ПРАВИЛА СЕ КЛУЧНИ…

Многумина веруваат дека свежите овошни сокови се еден од најдобрите начини да се обезбеди проток на витамини и хранливи материи во телото. Но, здравствените експерти сугерираат дека оброците не треба да се заменуваат со сокови.

Редовното консумирање овошни сокови директно влијае на нивото на шеќер во крвта. Нутриционистите наведуваат дека кога пиете сок како замена за оброк „има скок на шеќерот во крвта“. Покрај тоа, нивото на енергија, исто така, опаѓа побрзо, со што побрзо ќе се чувствувате гладни. Тие исто така додаваат дека самиот сок не е нутритивно избалансиран, бидејќи не содржи доволно количество протеини или масти.

Нутриционистите предупредуваат и дека редовното консумирање овошни сокови е поврзано „со зголемен ризик од метаболички синдром и дебелина“.

Кога станува збор за диета која вклучува консумирање овошни сокови, мора да внимавате на внесувањето на есенцијални витамини, минерали и хранливи материи. Нашите тела најдобро се развиваат со урамнотежена исхрана, па кога ќе заврши диетата со сокови, тоа може да доведе до несакано губење на мускулите, намален метаболизам и враќање на нездравите масти.

Во однос на слабеењето, цедењето сокови е одличен начин за започнување на овој режим, но треба да биде придружено со здрава исхрана и вежбање.

Се препорачува да се изберат различни бои на овошје и зеленчук, за да се добие добар микс на витамини и минерали.

 sok-od-kupusa (1).png

Пулпата која се добива со цедење на овошјето има максимални влакна, затоа не го фрлајте веднаш. Влакната ве одржуваат посити подолго време.

Третата препорака на нутриционистите е во соковите да се додадат протеини во форма на бадемово млеко, јогурт и ленено семе.

Не заборавајте за здрава и урамнотежена исхрана, многу вежбање и одмор. Избегнувајте прибегнување кон екстремни диети.

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement