Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Дали кафето со лимон навистина ги топи мастите, ја штити кожата од сонце и ја ублажува главоболката…

Иако и кафето и лимонот се проучувани поединечно во однос на здравствените придобивки, останува прашањето за придобивките од комбинирањето на лимон и кафе во еден пијалок.

Луѓето ширум светот се колнат дека шолја свежо подготвено кафе им помага да го започнат денот, додека други тврдат дека за таа цел најмногу им помага чаша вода со лимон. Денешните трендови не ги заобиколуваат оние во исхраната, па во последно време за почеток на денот стана популарна комбинација од овие два пијалоци за која се тврди дека ги топи мастите, ја штити кожата од сонцето и ја ублажува главоболката.

Кафе и лимон
За многумина од нас, шолја кафе е секојдневен ритуал. Секое утро во светот се пијат околу две милијарди шолји, што го прави црниот пијалок најпопуларниот пијалок во светот.

Кафето содржи кофеин (триметилксантин), кој е одговорен за подобрување на различните аспекти на функцијата на мозокот, вклучувајќи ја меморијата, концентрацијата и нивото на енергија.

Кафето има свои добри страни, но само ако се консумира умерено. А има и лоши страни, употребата на кафе ја спречува апсорпцијата на витамини и минерали во организмот, значително го отежнува процесот на варење, но и поттикнува развој на болести поврзани со недостаток на витамини и минерали.

Од друга страна, лимонот е едно од најпродаваните агруми во светот. Се користи со векови поради неговите лековити својства. Познато е дека и кафето и лимонот содржат многу антиоксиданси, кои го штитат организмот од штетните ефекти и прекумерното количество на слободни радикали. При нивното комбинирање се препорачува да додадете сок од еден лимон на 240 мл кафе.

За да разберете дали кафето со додаток на лимон може да донесе дополнителни здравствени придобивки, корисно е да ги земете предвид овие две работи независно една од друга.

Здравствени придобивки од кафето
Постојат многу студии кои зборуваат за многуте здравствени придобивки од кафето, од заштита на црниот дроб до спречување на депресија.

Во една од најголемите студии за кафе досега, Националниот институт за рак и Националниот институт за здравје открија дека пиењето до три шолји кафе дневно може да го намали ризикот од смрт за 16 проценти.

Позитивниот ефект на кофеинот врз бронходилатацијата е докажан во две студии (САД и Италија), каде што резултатите покажале дека три шолји дневно доведуваат до значително намалување на нападите на астма. Исто така, треба да се спомене и диуретичкото дејство на кофеинот – вели Хана.

Кофеинот ги зголемува и LDL и HDL (лошиот и добриот холестерол), без промена на нивниот однос, што е многу важно во однос на ризикот од коронарна срцева болест, па затоа не може да се смета за штетно.

И тоа, всушност, не е се. Кога станува збор за зголемување на менталните и физичките перформанси, кофеинот е еден од најефективните суплементи.

Придобивките вклучуваат потенцијално зголемување на силата, мускулна издржливост, будност, намалени стапки на воочен напор, што значи дека тренингот полесно ќе го одработите во споредба со истите вежби без доза на кофеин – објаснува нутриционистот.

Здравствени придобивки од лимонот
Лимонот е одличен извор на витамин Ц и флаваноиди, два моќни антиоксиданси кои се поврзани со помал ризик од рак, вклучувајќи рак на хранопроводникот, желудникот, панкреасот и дојката.

Еден лимон со средна големина обезбедува 25 mg витамин Ц. Конзумирањето овошје и зеленчук богати со витамин Ц го намалува ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар, го штити имунолошкиот систем и помага во борбата против инфекциите.

Постојат неколку здравствени тврдења за придобивките од консумирањето кафе со лимон – вели Хана и додава дека треба да се одвојат фактите од заблудите.

Кафето со лимон помага да се губат мастите – точно или неточно
Ова тврдење не е целосно неосновано. Некои студии покажуваат дека кофеинот може да помогне во забрзување на метаболизмот, што резултира со дополнително согорување на маснотии во мирување. Исто така, го стимулира нервниот систем, кој испраќа директни сигнали до масните клетки, кои ги разградуваат мастите. Сепак, ова нема да влијае на губењето маснотии, освен ако немате недостаток на калории или ако не согорувате повеќе калории отколку што јадете.

Овде кафето би можело да влијае само на начинот на кој го намалувате апетитот после пиење кафе, што може да доведе до помал внес на калории – објаснува нутриционистот.

Кога станува збор за лимонот, Хана додава дека, како и повеќето видови овошје, тој е здрав, но дека нема посебни, докажани придобивки кога станува збор за слабеење.

Значи, нема потврдени докази дека комбинирањето на кафе и лимон ќе обезбеди дополнителни придобивки во губењето на маснотиите.

Кафето со лимон ја ублажува главоболката – точно или лажно
Ова тврдење е речиси целосно неосновано. Додека некои студии покажаа дека високата потрошувачка на кофеин може да ја зголеми инциденцата на главоболки, други студии го покажаа токму спротивното.

Ако имате главоболка на дневна основа, може да биде корисно да експериментирате со внесот на кофеин и сами да дознаете дали и колку најмногу ви одговара. Но, нема докази дека додавањето лимон во кафето ќе ја ублажи главоболката – вели нутриционистот.

Кафето со лимон помага за здравјето на кожата – точно или неточно
Докажано е дека здравата и убава кожа е поврзана со зголемен внес на овошје и зеленчук. Сепак, не е позната точната компонента во овошјето и зеленчукот која е одговорна за воочената придобивка – објаснува Хана.

Прочитај

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Advertisement
betsat   betsat   betsat   betsat   betsat   mrking   holiganbet   betparibu   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   casibom giriş   casibom   betgaranti   betebet   betebet   onwin   onwin   betgaranti   betgaranti   mrking   mrking   mrking   betebet   betebet   superbet   superbet   superbet   superbet   mrking   mrking   casibom   casinoper   bahisnow   casibom   betgaranti   betgaranti   slotbar   slotbar   onwin   onwin   rexbet   rexbet