Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Дали ви пречи ваков појадок? Дечкото создава чиста уметност од јајце на око!

За многу луѓе, појадок без јајца не е појадок.

На око, поширани, кајгана, омлет… изборот е, фала му на Бога, голем, и ако сте доволно креативни, можете да ги користите како декорација на чинијата.

Или барем тоа е случај со еден млад човек кој го претвора својот омилен оброк во минијатурни уметнички дела.

Мексиканецот Мишел Балдини дефинитивно обожава јајца на око, но ги обликува на сосема различни начини. Од сцени од филмови, стрипови, природа, па сè до животни и пресоздавање слики од познати уметници, се добива впечаток дека нема ништо што неговите раце не можат да направат.

Со обликувањето започнува додека јајцата сѐ уште свежи, а неговите инструменти се само кујнскиот алат. Неговото платно е тефлонска тава, на која создава нереално убави слики.

Само на Инстаграм го следат над 107 илјади следбеници. И, иако има само 21 година и студира медицина, тој се обидува да не го занемари своето хоби, особено за време на пандемија, како што изјави, барем на тој начин, успевал да им ја врати насмевка на луѓето.

Едно од првите дела е всушност Јин и Јанг, а после тоа, се осмелил да направи покомплицирани форми.

Исто така, започнал да продава персонализирани предмети на својата веб-страница, како што се беџеви, чанти, ранци и мајки, а парите од сè што досега продал ги дал во добротворни цели.

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement