Треба да се трудиме во исхраната да има што повеќе зеленчук, овошје и минерали, па експертите препорачуваат да јадете целер помеѓу оброците.
Нутриционистката Маја Фелер тврди дека во стеблата и листовите на целерот има здрави хранливи материи, а најмногу од се’ има витамин К, што е многу важна функција на телото за правилно згрутчување на крвта и градење на коските.
Исто така, целерот содржи и растворливи и нерастворливи влакна кои помагаат во работата на цревата и се неопходни за добро редовно варење, како и правилна функција на цревата, а не содржи никакви штетни калории (шолја сечкан целер има вкупно околу 14 калории).
Фелер истакнува дека вредни за внимание се и хранливите состојки кои ги содржи целерот. Една од причините е тоа што содржи антиоксиданси како бета – каротин, витамин Ц и флавоноиди, како и кофеинска киселина која се наоѓа во кафето, чајот и виното. Сепак, она што го прави целерот најкорисен за нас се неговите влакна и „добрите“ бактерии кои ги содржи, што се одговорни за многу дигестивни функции како што се разградувањето на храната, апсорпцијата на хранливи материи и контролата на воспалението на цревата.
– Освен тоа, целерот го поддржува здравјето на срцето бидејќи содржи фталидни соединенија за кои се покажало дека благотворно делуваат на крвниот притисок – вели диететичарот Сајмон Муду.
Поточно, фталидите, додава тој, ги релаксираат крвните садови, што го подобрува протокот на крв во срцето и другите витални органи и го намалува високиот крвен притисок, кој е главен фактор на ризик за срцеви заболувања. Друг фактор на ризик за срцеви заболувања кои влијаат на целерот е холестеролот. И повторно, благодарение на неговите влакна, кои се врзуваат за вишокот холестерол во дигестивниот систем, а поради влакната е одличен и за намалување на шеќерот во крвта.
Имено, неговите растворливи влакна го забавуваат варењето на шеќерот, што пак спречува нагло скок на шеќерот во крвта и на тој начин го намалува ризикот од дијабетес тип 2. Една шолја сечкан целер содржи и 29,6 микрограми витамин К, што е една третина од препорачаната дневна доза за жени (90 микрограми).четвртина за мажи (120 микрограми).
Овој витамин е потребен и за производство на остеокалцин, протеин кој влијае на јачината на коските бидејќи е одговорен за таложење на калциум во нив. Покрај тоа што е полн со вода, целерот содржи и два електролити кои помагаат во одржувањето на рамнотежата на течностите во клетките, така што доволниот внес на целер помага во хидратација и обезбедува телото да добие доволно вода.

