Новогодишните празници и почетокот на јануари се задолжителни за прејадување и уживање во храната.
Меѓутоа, кога ќе завршат прославите и богатите празнични оброци, време е за чистење на организмот, а нема ништо полесно од брз пијалок од три состојки.
Овој напиток лесно се подготвува и е одличен избор за чистење на организмот од токсини.
Ѓумбирот е моќен антиоксиданс кој ја подобрува функцијата на црниот дроб и е одличен за детоксикација на телото, а помага и при надуеност и го забрзува варењето.
Од друга страна, лимонот има диуретично дејство кое потсетува на ослободување на токсините од телото.
Состојки:
1 cm корен од ѓумбир
исцеден сок од 1/2 лимон
3 dcl вода на собна температура
Подготовка:
Во чаша млака вода додадете исцеден сок од лимон и ситно изрендан ѓумбир.
Оставете го напитокот да отстои малку и потоа испијте го.
По желба можете да го засладите со малку мед.
