Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Го намалува заморот и ја подобрува концентрацијата: јод – рецепт за долговечност

Јодот е неопходен минерал што нашето тело не може да го произведе.

Резултатите од студијата „Рандерс-Скаген“, објавена на веб-страницата на Националниот центар за информации за биотехнологија, докажуваат дека диетата богата со јод е директно поврзана со долговечноста кај постарите лица.

Испитаниците биле следени 20 години. Содржината на јод во водата во Скаген е 70 пати поголема отколку во Рандерс (139 микрограми наспроти 2 микрограми). Смртноста e следена до 2017 година.

Животот во Скаген, полн со јод, укажува на подолг животен век на неговите жители. Живеењето во животната средина богата со јод може да биде клучот за долговечноста.

Одамна е познато дека јодот убива вируси и бактерии. Она што многумина не го знаат е дека тој е неопходен минерал што нашето тело не може да го произведе. Јодот мора да биде задолжителен во секојдневната исхрана.

Најмногу се наоѓа во алги, морска риба и трпезариска сол. Го намалува оксидативниот стрес (слободни радикали) што се јавуваат во имунолошкиот систем на организмот, а имунитетот зависи од правилниот метаболизам.

Тироидната жлезда е одговорна за метаболизмот, а јодот е негово гориво. Последици од недостаток на јод може да бидат замор, депресија, слаба концентрација.

Ова се индикатори дека имате проблем со недостаток на јод: се чувствувате уморни, почнувате да заборавате, депресивни сте и вознемирени, срцето чука побавно. Проблемите со тироидната жлезда можат да имитираат голем број психијатриски нарушувања, почнувајќи од депресија, анксиозност, па дури и психоза.

Соодветниот внес на јод е единствената ефективна превенција. Зголемете го внесот на јод. Јапонците дневно внесуваат 1-3 mg на ден.

Прочитај

____celebrity

Канадската поп-ѕвезда Џастин Бибер ќе биде еден од изведувачите на полувремето од финалето на Светското првенство во фудбал, приклучувајќи се кон поставата во која...

Green Tea

Верувале или не, во Јапонија, луѓето се оценуваат и врз основа на нивната крвна група, бидејќи веруваат дека таа го одредува нивниот темперамент и...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

Green Tea

Кардиологот д-р Франческо Ло Монако предупреди за 4 вида напитоци кои често се рекламираат како подобар избор за вашето здравје, но според него, реалноста...

Advertisement