Овошна маска која одлично ќе делува на кожата на лицето.
Меѓу намирниците кои позитивно делуваат на кожата на лицето е и кивито од кое можете да направите одлична домашна маска.
Кивито е многу богато со витамин Ц, кој е одличен за кожата на лицето, а ова овошје содржи три пати повеќе витамин Ц од портокалот.Одлично е и за зајакнување на имунитетот, како и за борба против инфекции.
Кивито позитивно влијае на ткивата на нашето тело, потоа го контролира нивото на течности во телото, како и крвниот притисок и електролитите.
Омега 3 масните киселини и алфа-линолеинската киселина во семките од киви го одржуваат правилното функционирање на срцето, додека содржината на витамин Е го спречува создавањето на брчки и ја штити кожата од слободните радикали.
За да ги искористите сите споменати придобивки од ова овошје во служба на убавината, можете брзо и лесно во вашата кујна да направите маска за лице од киви, која одлично ќе делува во борбата против брчките и ќе и ја даде на кожата потребната еластичност и регенерација.

Маска за лице од киви
Излупете и изгмечете едно киви со вилушка. Исцедете го вишокот сок и додадете една лажичка мед. Добро измешајте, нанесете на лицето и оставете 20 минути.
Оваа маска се препорачува да се користи еднаш месечно.
