Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

ГЛАВНО ПРАВИЛО ВО ДИЕТАТА ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ: Еве што не јаде после 14 часот и 30 минути – резултатите се гледаат за 10 дена…

Една од најубавите жени на светот, Џенифер Лопез, се придржува до важно правило во исхраната, кое може да даде резултати по само 10 дена.Следниот месец славната Џеј Ло ќе го прослави својот 52 роденден, а латино ѕвездата со децении е синоним за совршен изглед, без разлика на возраста.Пејачката своето извајано тело го должи на редовните тренинзи, но и на правилната исхрана, а главното правило што го практикува е „јаглехидрати до 14:30 часот“.Станува збор за правило кое го смислил познатиот тренер Дејвид Кирш, а тоа е режим во кој внесот на јаглехидрати е ограничен на утро и рано попладне.

Во овој временски интервал е дозволено да се јаде овесна каша, тестенини, мешунки и слично. По 14:30 часот треба да јадете храна богата со протеини како месо, риба, сирење, свежо овошје, зеленчук и салати.

Покрај тоа, Џенифер од исхраната го исфрлила шеќерот во сите форми, како и алкохолот.

Клучот за ова правило е дека јаглехидратите наутро му даваат на телото енергија која ни помага нормално да функционираме во извршувањето на секојдневните активности, а ние доволно се движиме за да можат да согорат до вечер.

Многу луѓе се прашуваат колку јаглехидрати смеат да внесуваат до 14 часот и 30 минути, а Дејвид Кирш советува да го слушате вашето тело и да јадете само кога сте навистина гладни. Како што тврди, по десет дена ќе можете да ги видите првите резултати.

Џенифер неодамна се појави на црвениот тепих во фустан кој особено ги истакна нејзините облини и привлече големо внимание,погледнете ги фотографиите:

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement